Ѓоковиќ направи штета на Ролан Гарос, организаторите распишаа потерница по него (ФОТО)

nole-avstralija

Пред нас се возбудувањата на вториот грен слем турнир во оваа сезона Ролан Гарос, турнир на кој еден од главните кандидати за триумф е светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ.

Токму Ѓоковиќ во пресрет на настапот на Париз имаше еден мал инцидент, поточно направи штета во тренинг центарот вежбајќи со медицинска топка. Ноле им се извини на организаторите кои пак одговорија на урнебесен начин распишувајќи потерница по него.

-Дали сте го виделе овој човек?

Име: Новак Ѓоковиќ

Последен пат виден: На теренот „Филип Шатрие“

Се бара за: Правење хаос во теретаната ја Ролан Гарос

Ве молиме да одговорите ако ја видите оваа личност, -се пошегуваа луѓето на турнирот од фрацуската престолнина.

Facebook Коментари