Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ најавил на кои турнири ќе игра и зборувал за вакцинацијата

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ денеска најави дека планира да игра на најважните турнири до крајот на годината, а се надева дека ќе може да се бори и за нов трофеј на Аустралијан Опен во јануари.

Српскиот тенисер засега е во Белград, а не сакал да открие дали се вакцинирал, што може да биде важен услов за учество на грен-слем турнирот во Мелбурн.

– Засега планирам да играм во Париз, Торино и во Дејвис купот. а што се однесува до Аустралијан опен, од она што го слушнав од мојот менаџер, австралиската федерација се обидува да добијат подобри услови за учесниците.

– Главен проблем е тоа што ако сте во авион со позитивен, без разлика дали сте вакциниран, потоа ве чека 14 дена хотелски карантин. Тоа му се случи на Виктор Троицки и кога раскажува за тоа, не го вметнува меѓу добрите спомени.

– Секогаш размислував дека нема да го откријам мојот статус, дали сум се вакцинирал или не.

– Тоа е приватна работа, премногу луѓе денеска си дозволуваат да прашуваат и осудуваат. Не сакам да учествувам во тој раздор, сите се непријателски расположени, не сакам да им давам повод за пишување на едните или другите, – изјавил Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни