Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ: Надал не е ист човек на Ролан Гарос

Објавено

на

foto:twitter.com/DjokerNole

Новак Ѓоковиќ ќе се обиде да дојде до првиот трофеј сезонава во Женева, а додека ги очекува завршните натпревари, го искоментирал и ждребот на Ролан Гарос.

Претстојниот грен-слем е во фокусот на сите тенисери, а Ѓоковиќ го искоментирал и фактот што неговиот голем ривал Рафаел Надал уште во првото коло ќе се соочи со Александер Зверев.

– Тоа ќе биде голем спектакл, едвај чекам да го гледам тој меч.

– Зверев е во одлична форма, победи во Рим, но Надал е друг човек на Ролан Гарос. Ние сме навикнати на тоа, па останува да видиме што се случува, – рекол српскиот тенисер.

Надал ја темпира формата за дуелот во Париз, а Ѓоковиќ денеска против Махач ќе се бори за пласман во финалето на АТП 250 турнирот во Женева.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни