Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ му симна капа на Синер по драмата и откри што му порачал на мрежа

Објавено

на

Foto:twitter.com/atptour

Новак Ѓоковиќ одигра на исклучително високо ниво како и на сите мечеви во последно време и режираше нов тениски маратон во три сета, но за првпат после поразот во финалето на Вимблдон, изминатава вечер повторно ја почувствува горчината на неуспехот.

По три последователни победи над Јаник Синер, светскиот рекет број еден за првпат мораше да му честита на младиот Италијанец, кој синоќа во возбудлив меч кој траеше повеќе од три часа славеше со 2:1 во сетови.

Како клучен се покажа тајбрејкот во третиот сет, во кој Синер играше исклучително храбро и одлучно, што направи да слави со 7:2 и да ја оствари најголемата победа во својата кариера.

– Мечот кој го имавме на Вимблдон исто така беше тесен, играше и тогаш добро како сега, можеби не сервираше толку добро. Сепак, главната разлика беше во тоа што беше похрабар во важните поени. Не бев доволно агресивен и одлучен во најважните поени, му давав простор да ја контролира играта. Му го кажав тоа и на мрежата, м му кажав дека одигра храбро и најдобро кога беше најпотребно. Апсолутно ја заслужи победата и му честитам.

– На вакви мечеви ви се укажуваат малку прилики. Ако не ги искористите, ривалот ќе ги искористи. Поголем дел од ваквите мечеви во кариерата ги имам добиено, мора некогаш и да се загуби. Не мислам дека направив многу лоши работи, едноставно морам да му симнам капа, одигра многу храбро кога беше потребно, – изјави Србинот кој сега ќе мора да обезбеди победа над Хуркач за да се пласира во полуфиналето.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни