Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ му одржа тениски час на Чилиќ во финалето во Тел Авив (Видео)

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ покажа дека паузата од речиси три месеци нема никакво значење врз неговата игра, бидејќи на првиот официјален турнир од Вимблдон, успеа да наниже четири победи и да стигне до трофејот во Израел.

Србинот ја оправда улогата на прв фаворит и го освои турнирот во Тел Авив, откако по победите над Андухар, Поспишил и Сафиулин, денеска славеше и во големото финале.

Марин Чилиќ по којзнае кој пат во својата кариера немаше решение за тенискиот ас од Белград, кој оваа вечер му одржа тениски час на Хрватот во балканското дерби.

Ноле стигна до 89-та титула во кариерата без загубен сет на турнирот, бидејќи и денеска рутински ја одработи задачата со победа во два максимални сета.

Ѓоковиќ беше подобар во првиот сет со 6:3, вториот му припадна со 6:4, а Чилиќ единствената шанса да се врати во мечот ја имаше при 3:2 во вториот сет, кога не искористи една брејк шанса.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни