Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ му одговори на Јокиќ: Тешко е да дојдете до неговиот број, но ќе му испратам порака… (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/rolandgarros

Новак Ѓоковиќ и Никола Јокиќ се најпознатите и најзвучни спортски амбасадори на Србија во последно време, но за светската јавност доста актуелна во последните неколку часа е преписката која ја имаа двајцата преку медиумите.

Откако се пласираше во големото НБА финале, Јокиќ ги одби споредбите со еден од најдобрите тенисери на сите времиња и го стави неколку скалила погоре од себе, но со својата изјава го привлече вниманието и на Ноле кој реши да му одговори по првата победа на Ролан Гарос.

– Новак е човек кој ја претставува Србина на далеку поголема сцена, тој е амбасадор на Србија. Тој е идол на сите деца во Србија, не само на теренот, и надвор од него. Не само поради тоа што го прави на теренот, туку и поради тоа што го прави неговата Фондација.

– Новак е човек на кого може да се угледате, јас сакам да бидам како него. Прави одлична работа за децата, за Србија, едноставно не можам да се споредам со него, – изјави Јокиќ пред една недела, а сега доби одговор од Ноле.

– Јокиќ е најдобар кошаркар во моментов, никој не може да го направи тоа што тој го прави. Постојано навивам за него, тој е гордоста на Србија. Сите сме горди на него и се надеваме дека ќе го освои шампионскиот прстен. Бев почестен од неговите зборови, ја видов неговата изјава и благодарен сум за тоа. Не бевме во контакт, дури вчера го добив неговиот број и сега ќе му пратам порака. Денес тешко се доаѓа до неговиот број, ќе му се заблагодарам за тоа што го кажа. Кажа нешто преубаво, истото го чувствувам за него. Тој е многу скромно и едноставно момче, – изјави Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни