Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ му одговори на Дел Потро: Пријателе…(ФОТО)

Објавено

на

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ веќе пристигна во Токио и се подготвува за настап на Олимписките Игри каде дефинтивно ќе го има статусот на фаворит за златниот медал.

Ѓоковиќ нема добро искуство на овие настани и во својата богата колекција нема трофеј од истите, па сега тоа сака да го промени и ако се суди по формата е во одлична позиција тоа да го направи. Кога се во прашање ОИ во неколку наврати на патот на Ноле застануваше Хуан Мартин Дел Потро кој одлучи да го пецне пријателот пред започнувањето на турнирот.

-Ќе те гледам! Овојпат имаш шанса пријателе, – шеговито му порача Дел Потро.

Сега стигна одговорот од Новак кој во свој стил порача:

-Најдобар си пријателе. Се надевам дека наскорот ќе те видам на теренот. Дури и ако секогаш ме победуваш на ОИ, -напиша Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни