Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ му испрати јасна порака на Циципас: Се гледаме за два дена (Видео)

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ на доминантен начин се пласираше во 10-то финале на Аустралијан Опен, што значи дека во недела во битката со Стефанос Циципас ќе ја брка својата јубилејна 10-та титула во Мелбурн.

Србинот никогаш нема загубено во едно финале на првиот грен слем во годината и негова цел е тоа да остане така и по неделното финале, во кое негов предизвикувач ќе биде разиграниот Циципас.

Стефанос и Новак веќе играа едно грен слем финале во 2021-ва година на Ролан Гарос и Србинот тогаш триумфираше откако се врати од два сета негатива, но сега за првпат ќе ги одмерат силите на Мелбурн парк во Австралија.

Ѓоковиќ со огромна самодоверба и со три победи без загубен сет влегува во големото финале, па имаше јасна порака до ривалот во интервјуто со Џим Куриер.

– Се чувствувам нависитна одлично. Јас сум на 110 проценти од моите сили. Циципас, се гледаме за два дена. Многу го почитувам и мислам дека е еден од најинтересните тенисери на АТП турот. Во недела и двајцата ќе имаме своја работа, нека победи подобриот, – изјави Ноле.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни