Ѓоковиќ му дише во врат на Надал, Србљак со голем скок до најдобриот пласман во кариерата

gorazd-srbljak

Секој понеделник стандарно АТП (Асоцијацијата на тениските професионалци) ја објавува најновата ранг листа на која нема промени кога е во прашање самиот врв.

Првото место и понатаму му припаѓа на Рафаел Надал кој сега има само 215 бодови повеќе од Новак Ѓоковиќ по триумфот на Србинот на Мастерс турнирот во Шангај. Потоа следи Рожер Федерер кој си го смени местото со Ѓоковиќ, а првата десетка уште ја сочинуваат Хуан Мартин Дел Потро, Александар Зверев, Марин Чилиќ, Доминик Тим, Кевин Андерсон. Григор Димитров и Џон Иснер.

Во однос на македонските тенисер единствен кој напредуваше беше Горазд Србљак, односно со скокот од 27 позиции е 1013 на светот што е негов најдобар пласман во кариерата.

Најдобар Македонец и понатаму е Томислав Јотовски на 705 место, а понатаму следуваат Шендрит Деари (1473), Бесир Дургути(1822) и Стефан Мицов (1822).

Facebook Коментари