Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ: Морам да бидам задоволен…

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ ја потврди улогата на фаворит и славеше над Роберто Карбалјес Баена во рамките на второто коло на Ролан Гарос.

Ѓоковиќ демонстрираше сигурна, убедлива игра пред се во вториот и третиот сет во кој го надигра противникот со 6-1 и 6-2, игра која дефинитивно може да му помогне за наредните настани, предизвици на грен слемот во Париз.

Ѓоковиќ со моќна партија го мина второто коло на Ролан Гарос

-Првиот сет беше тежок, бидејќи Роберто одигра квалитетно и прецизно. Не правеше многу грешки, морав многу да работам. Последниот гем во сетот беше добар, тогаш ја подигнав мојата игра, што се однесува до форхендот. Задоволен сум, морам да бидам задоволен од играта што ја прикажав денеска, -порача Новак.

Нареден ривал на првиот светски рекет ќе биде победникот од дуелот Гаел Монфис и Лоренцо Мусети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни