Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ „леташе“ на стартот на Вимблдон, шестиот носител шокиран од 122.на светот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/Wimbledon

Новак Ѓоковиќ со фуриозна партија го започна својот настап на овогодинешното издание на Вимблдон.

Србинот беше неизвесен за грен слемот во Лондон по повредата на Ролан Гарос и операцијата на коленото, ама закрепна на време и ако се суди по денешниот меч против Вит Коприва тогаш проблемот е комплетно надминат и тој е подготвен за сите престојни предизвици.

Ѓоковиќ славеше по два часа игра со 6:1., 6:2, 6:2 и сега ќе може мирно да го почека наредниот противник.

Големо изненадување пак се случи во дуелот меѓу Андреј Рубљов и Франсиско Комесана каде шестиот носител се посрамоти и загуби со 6-4, 5-7, 6-2, 7-6(5).

Ова за Аргентинецот беше деби на грен слем сцената, а воедно ова беше само негов втор меч на треба. Комесана е дури 122 на АТП листата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни