Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ кршеше рекети, но го „скрши“ и противникот по три часа игра во Торино! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/atptour

Холгер Руне повторно беше тежок предизвик за Новак Ѓоковиќ и го натера Србинот да игра три сета, но втор пат во две недели загуби од најдобриот тенисер и остана покус во одлучувачкиот сет.

Младиот Данец одигра врвен тенис во првите два сета и нијанси го делеа од водство од 1:0, но сепак тајбрејкот му припадна на Ноле кој во вториот пак одигра катастрофален тајбрејк.

Руне израмни на 1:1 откако го доби 13-от гејм со 7:1, меѓутоа слично како и во Париз, остана без сила во третиот сет. Данецот брзо почна да се жали на грчеви и уште еднаш покажа дека не е навикнат за најсилното темпо кое го наметнува Ѓоковиќ, иако при резултат 2:0 успеа да врати брејк и да го налути Србинот.

Ѓоковиќ искрши два рекети и покажа фрустрација во Торино, но потоа се врати на теренот и ја доврши работата и со 6:3 ја оствари првата победа во својата група.

Истата му носи и гарантирано прво место на АТП листа до крајот на годината, па така Ноле ја поправи својата историја и по рекорден осми пат во кариерата заврши една календарска сезона како најдобар во светот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни