Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ конечно се огласи за Синер: Барам промени, сите мора да се третират подеднакво

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ проговори за допинг скандалот на Јаник Синер.

Сите ја чекаа прес-конференцијата на Ѓоковиќ на УС Опен, бидејќи тоа беше прва прилика да го прокоментира фактот дека Јаник Синер падна на допинг тестот.

Српскиот тенисер во својот говор ја спомена неговата организација за заштита на играчите ПТПА.

„Таквите примери се причината зошто ја основавме ПТПА, која стопроцентно ги претставува играчите и се грижи секој сантиметар да биде покриен за играчот да може да живее од овој спорт. Разговаравме за „длабочината“ на Тур, за тоа колку играчи можат да живеат од тенисот… Има многу прашања на кои се работи во ПТПА, а се уште не сме признати колку што би сакале да ни се признае, во рамките на тенискиот екосистем. Кога станува збор за Јаник, ПТПА е секогаш за стандардизирани протоколи. Ја разбирам фрустрацијата на играчите бидејќи нема постојаност. Поминаа пет-шест месеци откако тоа беше доставено до него и неговиот тим. Има многу пропусти во системот, ги разбирам чувствата на играчите кои се прашуваат дали кон нив се однесувале на ист начин“, изјави Ѓоковиќ.

Новак потоа побара промени.

„Се надевам дека раководните тел во тенисот ќе научат нешто од ова, јасно е дека мора да има промени. Некои имаа слични случаи или исти случаи со различен исход. Дали е тоа до финансиите, дали играчот можел да си дозволи поефективен бранител. Не знам дали е тоа така, но мораме да ги стандардизираме работите, така што секој играч – без разлика на рангот и профилот – се третира подеднакво“.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни