Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ: Коленото издржа, тоа е добар знак пред Вимблдон

Објавено

на

foto: x.com/Wimbledon

Новак Ѓоковиќ поради проблем со коленото мораше предвреме да го заврши настапот на Ролан Гарос, па дури и мораше да оди на операција за да ја реши таа ситуација.

По овој хируршки зафат многумина го отпишаа кога е во прашање настапот на Вимблдон, поточно сметаа дека ќе го скокне грен слемот во Лондон за да максимално се посвети на ЛОИ во Париз.

Меѓутоа Ѓоковиќ како и многупати досега изненади, напорно работеше и се појави во англиската престолнина каде дефинитивно ќе настапи на турнирот на кој го има освоено седумпати во кариерата.

-Во последните три дена имав многу интензивни тениски тренинзи. Играв поени и сетови против Синер, Тиафо, вчера имав двојна програма против Медведев и Русувуори, а денеска тренирав и со Руне. Коленото добро се држеше, што е одличен знак кога станува збор за мојот настап на Вимблдон. Имам уште неколку дена. Прилично сум сигурен дека мојата општа физичка состојба и состојбата на моето колено е навистина добра.

-Кога ќе започне турнирот, дефинитивно ќе имам повеќе податоци за тоа како реагира коленото на грен слем меч во три сета. Се што направив досега беше позитивно, -порача Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни