Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ ќе стартува на Аустралијан Опен со дуел против хрватски вундеркинд

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/CincyTennis

Новак Ѓоковиќ е најголем фаворит и на годинешното издание на Аустралијан Опен, а утринава стана јасно и кој ќе му биде прв противник во Мелбурн.

Српскиот тенисер очекуваше ривал од квалификациите, а тоа ќе биде хрватскиот вундеркинд Дино Прижмиќ, кој успешно ги мина трите квалификациски рунди и си обезбеди место на главниот турнир.

Прижмиќ има само 18 години и е на 155 место на АТП ранкингот, но уште минатата сезона го најави својот потенцијал, меѓу другото и со триумф на Ролан Гарос во јуниорска конкуренција.

За хрватскиот талент ова ќе биде прв грен-слем настап во сениорска конкуренција, а против себе ќе го има светскиот рекет број еден и тенисер кој ќе се обиде да стигне до 25. грен-слем титула токму на омилениот турнир во Австралија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни