Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ ќе нападне уште еден медал на ЛОИ во Токио

Објавено

на

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ одлично напредува во поединечна конкуренција на турнирот на Олимписките Игри во Токио, а таа своја добра форма сака да ја искористи за да се испроба во уште едно натпреварување и тоа мешани двојки.

Ѓоковиќ се реши и во овој микс-дубл да проба да го нападне врвот, медалите, а во таа мисија ќе треба да успее заедно со Нина Стојановиќ.

Натпреварите во мешани двојки ќе започнат во среда и ќе се играат секој ден до недела.

Инаку да потсетиме Новак во сингл е веќе во осминафиналето каде за ривал ќе го има Алехандро Давидович Фокина од Шпанија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни