Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ: Ќе играм на Вимблдон само во еден случај

Објавено

на

Foto:x.com/Wimbledon

Новак Ѓоковиќ од вчера на во Ол Ингланд клубот и тренира на терените на Вимблдон, а тоа им даде голема надеж на неговите фанови дека сепак ќе заигра на третиот грен слем.

Ноле заработи незгодна повреда на коленото и поради истата експресно направи операција во Париз, но неполни три недели подоцна се појави во Лондон и допрва ќе одлучува дали ќе заигра на главниот турнир.

Оваа недела на програмата се квалификациските мечеви во машка и женска конкуренција, а тоа значи дека Ноле има уште неколку дена да процени дали неговото колено е подготвено да го издржи напорот и промената на движење на тревна подлога.

– Коленото ми е подобро, од ден во ден е се подобро. Терапијата оди во добар правец и тоа ми дава надеж. Не дојдов овде со помисла само да одиграм неколку рунди.

– Ќе се појавам на теренот и ќе играм на Вимблдон само во еден случај. Само ако сум блиску до максимум, или ако сум на максимум. Ќе играм само ако почувствувам дека сум во можност да бидам дел од завршницата на турнирот и да се борам за трофејот, – изјави Ноле за „Би-Би-Си“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни