АТП
Ѓоковиќ ќе добие неверојатна чест од Аустралијан Опен: Тој заслужува такво признание (Фото)

Новак Ѓоковиќ има измешани емоции кога е Австралија во прашање, од една страна поради тоа што станува збор за земја во која ги оствари најголемите успеси на еден грен слем турнир, но од друга и поради фактот што доживеа брутално лош третман во Ковид периодот.
Ноле беше протеран од Австралија поради острите Ковид протоколи кои беа актуелни во оваа земја и тогаш на големо се зборуваше за „црн печат“, но судбината имаше поинакво сценарио за Србинот, кој се врати една година подоцна за да ја освои 10-та титула во Мелбурн.
Ѓоковиќ е најголемиот шампион во историјата на Мелбурн парк, па во таа чест, Аустралијан Опен планира да го направи бесмртен во својот тениски комплекс.
Како што тврди австралискиот весник „Хералд Сан“, Новак ќе добие своја статуа во близина на главниот стадион на кој се одржува Аустралијан Опен (Род Лејвер арена), инсајдерски информации кои доаѓаат од директорот на турнирот.
Споменатиот весник го цитира Крег Тајли во својата ексклузивна вест за статуата на Ѓоковиќ, па за очекување е истата да биде подготвена и промовирана пред стартот на грен слем турнирот кој ќе се одржи во 2026-та година.
– Нема никакви дилеми, Ѓоковиќ заслужува да има статуа на Аустралијан Опен, – гласи изјавата на Тајли.
Craig Tiley boss of the Australian Open wants to erect a Novak Djokovic statue at Melbourne Park 🤩
Craig Tiley says, erecting a statue for the 10-time Australian open champion is a no-brainer and the Serb can win the local grand slam again 👏🔥 #NovakDjokovic pic.twitter.com/DAzZp66Fd6
— FirstSportz (@sportzfirst1) January 27, 2025
-
Лига на шампиони17 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Лига на шампиони15 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Шпанија23 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Италија21 час
Колина побара промена на едно важно пенал правило и привлече големо внимание во јавноста
-
Франција23 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА22 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Англија24 часа
Сколс ги посочи најранливите позиции: Потребни се пет нови стартери во Јунајтед
-
Англија16 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал