Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ ќе брка „златен-слем“ на 37 години: Не сакам да звучи како непочит кон ривалите, но……..

Објавено

на

Foto:twitter.com/atptour

Новак Ѓоковиќ веќе два дена е во Малага и вчера го одработи официјалниот прес со кој ја најави завршницата на Дејвис Купот, натпреварување кое Србинот го посочи како многу важно за него и покрај сите успеси во 2023-та година.

Србинот нагласи дека 2023-та година ќе биде најуспешна за него во кариерата ако ја заврши со „салатарата“ во своите раце, но не крие дека си има поставено уште поголеми амбиции за следната 2024-та година.

Светскиот рекет број еден покажа дека годините се само бројка за него и освои три од четирите грен-слем турнири оваа година, меѓутоа не планира да застане тука и најави атак на „златниот-слем“.

До вакво постигнување ќе стигне ако ги освои сите четири грен слем титули во 2024-та година, но и ако го освои единственото одличје кое му недостасува во кариерата, златниот медал на олимписките игри.

– Секако дека верувам во такво нешто. Кој веруваше дека ќе освојам три грен слем титули на 36 години. Пред две години никој немаше да верува во вакво сценарио, но јас се познавам себеси и добро знам како се чувствувам физички и ментално. Знам што сум подготвен да направам. Не сакам да звучи како непочитување кон моите ривали, но јас добро се познавам себеси и знам што можам да направам следната година, – вели Ѓоковиќ во интервјуто за „Марка“.

– Олимписките игри следната сезона ќе се играат во Париз, на терените на Ролан Гарос. Олимписките игри се нешто посебно, ги сакам олимписките села, ја сакам церемонијата и чувството што ја претставувам својата земја на најважниот спортски настан во светот. Се надевам дека ќе бидам здрав и дека ќе бидам во најдобра форма во Париз, моја цел е олимпиското злато и сите четири грен слем титули, – потенцира Србинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни