Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ ја сушеше тревата на Вимблдон за време на мечот, па без проблеми ја мина првата пречка (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Wimbledon

Новак Ѓоковиќ без проблеми ја започна одбраната на титула во Ол Ингланд клубот, откако ова попладне немаше потешкотии на централниот терен и покрај паузата која мораше да следи во дуелот со Педро Качин.

Временските прилики направија мечот да биде прекинат откако Ноле го доби првиот сет со 6:3, по што беше одложено и враќањето на теренот поради тешките услови за игра.

Топлото и спарно време направија голема влажност и двајцата тенисерии беа согласни дека нема услови да се игра, по што мораше да влезе и инспекција на теренот.

Ѓоковиќ беше задолжен за шоу и помогаше да се исуши тревата на традиционален начин (бришејќи со пешкир), а откако мечот конечно продолжи, го доврши она што го започна.

Ноле го доби и вториот сет со идентични 6:3, додека во третиот Качин докрај го чуваше својот сервис, но немаше доволно сили во тајбрејкот кој му припадна на Ноле со 7:4.

Противник на Србинот во второто коло ќе му биде Џордан Томпсон, кој денеска направи пресврт и славеше откако губеше со 2:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни