Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ ја продолжи доминацијата против Нишикори и обезбеди осминафинале во Њујорк

Објавено

на

Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ обезбеди место во осминафиналето на последниот грен слем за оваа календарска година Ју-Ес Опен.

Ѓоковиќ оваа вечер беше подобар од Кеи Нишикори од Јапонија со 3-1 во сетови. Нишикори се обиде да се надигрува, му даде отпор на фаворитот, ама и овојпат не беше доволно за поволен резултат против ривалот за кого едоставно тешко наоѓа решение и најдобар доказ за тоа е резултатот од 18-2 во меѓусебните дуели.

Најголема борба се водеше во првиот сет во кој видовме тај-брејк каде Кеи со 7-4 дојде до предност од 1-0. Потоа на сцена стапи Ноле кој со 6:3, 6:3 и 6:2 дојде чекор поблиску до пехарот кој значи календарски грен слем, но и нов рекорд по освоени пехари на најголемите турнири (21).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни