Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ ја појасни својата строга диета: Јадев по три меса на ден, а сега….

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ се врати на врвот на листата на најдобри тенисери во светот откако ги надмина сите потешкотии кои ги имаше на почетокот на 2018-та година, период во кој Србинот беше блиску и до пензионирање.

Неговата сопруга Јелена всушност откри дека Ноле и десет дена бил убеден дека е во тениска пензија, период во кој Србинот никако не можеше да се врати на старото ниво по операцијата на лактот, а му се надоврза и фактот што го загуби првото место на АТП листа, надополнето со исмевања за неговата исхрана.

Ѓоковиќ неколку години е на веганска диета и во моментите кога го загуби приматот на најдобар светски тениџер беше исмеван од српската јавност за промената во исхраната, но овие теории брзо се заборавија откако Новак се врати во полн сјај и односно завладеа во светскиот тенис.

Сега, Ноле без проблеми детално говори за диетата која ја практикува, а во која комплетно е исклучено внесување на месо во организмот.

– Работам со оваа диета веќе пет години. Вистина е дека израснав со комплетно друга диета, јадев месо три пати на ден. Можам да кажам дека комплетно се променив и среќен сум поради тоа, – вели Новак за „Тенис Јунајтед“.

– Можам да ви кажам дека нема да потрошите многу пари за мојата исхрана. Обично не јадам ништо до пладне. Кога ќе се разбудам, пијат чаша топла вода со неколку капки лимон. Тоа е одлично за детоксиакција. Потоа правам зелено смути или зелен сок од спанаќ, спирулина и други овошја. Исто така, јадам многу овошје за доручек. После тоа, во наредните 16 часа не јадам ништо калорично што би барало да се потроши многу енергија за дигестирање, – открива Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни