Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ ја мина непремостливата пречка на Олимписките игри и закажа спектакл со Алкарас

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Полуфиналето беше непремостлива пречка за Новак Ѓоковиќ на Олимписките игри, но во својот четврти обид успеа да стигне до прво финале на најважното спортско натпреварување.

Српскиот тенисер ги загрижи своите фанови со повредата на коленото која ја почувствува на вчерашниот меч со Циципас, но Ноле уште во раната фаза на дуелот со Лоренцо Музети јасно покажа дека нема никакви проблеми со движењето.

Ѓоковиќ уште еднаш имаше решение за Италијанецот и го победи третпат во низа во период од три месеси, бидејќи пред денешниот триумф, го надигра и на Ролан Гарос и на Вимблдон.

Ноле го доби првиот сет со брејк во клучен момент за 6:4, а потоа вториот сет беше отворен на навистина необичен начин. Двајцата тенисери ги губеа своите сервиси и видовме четири брејка, но потоа тој тренд го задржа само Ноле кој со уште два брејка стигна до победа од 6:2.

За Србинот ова е прво финале на Олимписките игри, а во недела ќе се бори за прво и историско злато во тениски спектакл со Карлос Алкарас.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни