Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ изрази сочувство и испрати поддршка за Македонија

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Големата трагедија во Кочани ја потресе Македонија, но и целиот регион, каде исто така со неверица се пренесуваат информациите за бројот на загинатите и повредените и се изразува сочувство на најблиските.

На шокантната вест реагираше и големиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ, кој преку својот Инстаграм профил изрази сочувство и поддршка за македонскиот народ.

Фотографијата со македонско знаме и црна панделка ја претставува симболиката за сочувство, а Ѓоковиќ ја објави на својот Инстаграм профил, кого го следат над 15 милиони луѓе.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, утринава животот го загубија 59 лица, а над 150 завршија со полесни или потешки повреди.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни