АТП
Ѓоковиќ: Испраќањето на Надал беше некоректно, жалам што не бев до него

Последниот тениски танц на Рафаел Надал не мина онака како што многумина очекуваа, не само поради поразот кој го претрпе во Дејвис Купот, туку и поради отсуството на многу елитни имиња од белиот спорт.
За разлика од Рожер Федерер кој беше испратен во пензија од сите свои најголеми ривали крај себе, Надал беше испратен во една доста скромна и необична атмосфера во Малага, а веднаш по завршувањето на настанот, многумина почнаа да даваат изјави за тоа дека легендарниот Шпанец не бил испратен онака како што доликува.
Рафа во свој препознтлив стил не даде преголемо значење на себе и нагласи дека ќе има нови шанси да биде поздравен и на најголемите турнири во светот, но сепак целокупниот заклучок е дека завршниот чин во негова чест беше преедноставен за човек кој му понуди толку многу на тенисот.
Истото мислење го дели и Новак Ѓоковиќ, кој пак додава дека посебно му е жал што не бил во близина на Надал во моментите кога ги доживуваше своите последни тениски моменти.
– Не ги знам сите детали во целост, но го видов видеото и испраќањето кое го имаше Надал и тоа мислам дека не беше коректно за еден толку шампион. Јас и Енди Мари имавме во план да пристигнеме во Шпанија во петок за полуфиналињата, но на крајот испадна дека не треба да одиме…..
– Не знам дали Надал не сакаше да се крене преголема врева околу неговото испраќање, не знам ни дали беше сигурно дали ќе игра, но најверојатно сето тоа направи организаторите да немаат доволно време да направат нешто поголемо. Јас лично се чувствувам многу лошо што не бев блиску до него тој ден кој испадна дека е последен во тениската кариера, – признава Ѓоковиќ.
-
НБА15 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија23 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Евролига24 часа
Обрадовиќ во елемент: Немој да те удрам со таблава по глава….. (Видео)
-
Англија13 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија14 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија23 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Франција20 часа
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!
-
Шпанија5 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот