Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ искрено: Морав да ги намалам очекувањата…

Објавено

на

foto: twitter.com/Lacoste

Новак Ѓоковиќ забележа две победа на Ролан Гарос што дефинитивно е добар почеток за првиот светски рекет кој засега нема добра 2024 година.

Србинот беше особено сигурен вчера против Роберто Карбалјес Баена каде во вториот и третиот сет го растури противникот со 6-1 и 6-2, па тоа дефинитивно може да му помогне со оглед на тоа што немаше соодветна, посакувана подготовка за Френч Опен.

-Немав многу победи пред да дојдам на Ролан Гарос, па морав да ги намалам моите очекувања. Сепак, секако дека секогаш верувам во себе и во своите способности. Знам што можам да направам, -вели Ѓоковиќ и додава:

-Сум го правел тоа многупати во кариерата, па… Да се ​​стигне далеку на Грен слем, тоа секогаш била целта, во последните пет години можеби повеќе од 15-те претходно. Затоа гледам што е следно, што доаѓа. Да се ​​надеваме дека ќе испорачам добри игри“, заклучи Србинот кој за следен ривал ќе го има Лоренцо Музети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни