Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ искрен по елиминацијата во Њујорк: Со ваква игра и третото коло е успех!

Објавено

на

Фото:twitter.com/AustralianOpen

Новак Ѓоковиќ не успеа да стигне до осминафиналето на Ју Ес Опен и 2024 година ќе ја заврши без ниту една грен-слем титула.

Српскиот тенисер беше меѓу главните фаворити за трофејот во Њујорк, но неочекувано рано доживеа пораз од Алексеј Попирин и го заврши настапот во третото коло.

По мечот, искусниот Ѓоковиќ не штедел критики на своја сметка, алудирајќи на неочекувано лошиот тенис кој го одигра против Австралиецот.

– Ова беше еден од најлошите настапи во мојата кариера.

– Искрено, начинот на кој играв и чувството кое го имав, третото коло е успех на овој турнир.

– Немав физички проблеми, едноставно останав без енергија, уште од првиот меч не можев да се пронајдам себеси на теренот. Животот продолжува, ќе се обидат да се рекалибрирам и да видам што е следно, – изјавил Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни