АТП
Ѓоковиќ искрен: Нема да ми недостасува Надал на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ има добра прилика да избие прв на вечната листа по бројот на освоени грен слем титули на претстојниот турнир во Париз, откако пред извесно време стана јасно дека на овогодинешното издание нема да го гледаме вистинскиот крал на „Филип Шатрие“.
Рафаел Надал како 14-кратен освојувач на Ролан Гарос соопшти дека повредата го оневозможува да ја брани титулата, па тоа им остава голема можност на ривалите да стигнат до големиот трофеј, а секако еден од главните фаворити сега е Ноле.
Ѓоковиќ не пристигнува во најдобра форма на вториот грен слем во годината и не освои ниту еден од турнирите на земјена подлога, но сепак се надева дека искуството ќе дојде до израз и среќата ќе се префрли на негова страна во втората недела во Франција.
– За мене прв фаворит е Карлос Алкарас, поради тоа што го освои Ју-Ес Опен, но и поради тоа што е светски рекет број еден. Исто така, имаше добра подготовка и освои два турнири на земјена подлога. На другата страна е моето искуство, тоа е мојата предност, но исто така не треба да ги заборавиме и Циципас, Синер, Руне или Руд. Се надевам дека на крајот се ќе се сврти во моја корист, – изјави Новак во Париз, па се осврна на откажувањето на Надал, но и најавеното повлекување во 2024-та година.
– Кога Надал објави дека ќе се пензионира наредната година, со него ќе си оди и дел од мене. Рафа беше тенисерот кој највеќе влијаше врз мене како играч, тој ме мотивираше да бидам најдобрата верзија од себе, ме натера да победувам повеќе. Кога ги слушнав неговите зборови, навистина емотивно бев погоден. Бев помалку шокиран, тој е пример за сите.
– Сепак, нема да ми недостасува на Ролан Гарос, пред се поради тоа што немав успех со него на оваа подлога. Тешко е да го победиш Рафа на било кој терен, но во Париз е најтешко, – изјави Ѓоковиќ.
-
Шпанијапред 15 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Англијапред 15 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Италијапред 18 часа
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Англијапред 19 часа
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
Италијапред 18 часа
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
НБАпред 16 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Англијапред 15 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Шпанијапред 14 часа
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд