Свет
Ѓоковиќ имаше срдечна средба со Меси, па ја посочи својата најголема фудбалска љубов од говорницата во Париз (Видео)

Новак Ѓоковиќ беше еден од специјалните гости на најновото издание на „Златната топка“, церемонија која оваа вечер се одржа во Париз и на која беа избрани најдобрите фудбалери и фудбалерки во светот.
Србинот беше дел од спортскиот крем во француската престолнина и можеше да се дружи со големите ѕвезди, но покрај тоа што имаше срдечна средба со Лео Меси, имаше за задача да ја додели наградата на најдобрата фудбалерка.
Светскиот рекет број еден од срце и честиташе на Аитана Бонмати која беше избрана за најдобра фудбалерка во 2023-та година, но пред да дојде до тоа, Ноле се претстави себеси како голем фудбалски фан.
– Голема е честа да се биде тука, благодарност до Франс Фудбал и „Златната топка“ што ме повикаа да бидам дел од овој настан. Вистинска привилегија е да се биде опкружен од најдобрите светски фудбалери. Ова е најдобриот спорт во светот, јас пораснав со овој спорт и секој ден играв фудбал. Мојот татко бил професионален фудбалер и на девет или десет години бирав дали да играм фудбал, или тенис. Мислам дека направив добар избор, – изјави Ноле, па додаде.
– Се уште го следам фудбалот и сум голем фан на оваа игра. Доаѓам од Србија и навивам за Црвена Звезда. Тоа за мене е клубот број еден, тоа е тимот кој во 1991-ва година стана европски шампиони. Исто така, навивач сум и на Милан. Тоа се двата клуба кои ми се при срце, – додаде Србинот.
🇷🇸🇦🇷 Novak Djokovic and Lionel Messi meeting at the Ballon d’Or tonight 🔥pic.twitter.com/2gwwAP79Vv
— Olly 🎾🇬🇧 (@Olly_Tennis_) October 30, 2023
.@DjokerNole is here with us, to give the 2023 Women's Ballon d'Or!#ballondor pic.twitter.com/XIfrysKL4N
— Ballon d'Or #ballondor (@ballondor) October 30, 2023
-
Италијапред 24 часа
Таткото на Кварацхелија откри за кој тим сонува неговиот син: Сите во нашето семејство се нивни фанови
-
Македонијапред 18 часа
(ФОТО) Новиот автомобил на Иџе пристигна во Скопје
-
Италијапред 18 часа
Малдини откри како бил отпуштен од Милан и распали по првиот човек на клубот
-
Германијапред 10 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Конференциска лигапред 23 часа
Навивачите на Абердин го прекинаа мечот во Европа: Го гаѓаа противничкиот голман со снежни топки (Видео)
-
Шпанијапред 12 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Шпанијапред 22 часа
Анчелоти за играчот кој им се извинуваше на фановите на Реал: Тој што работи секогаш, нема потреба да го прави тоа (Видео)
-
Шпанијапред 21 час
Флорентино и Чоло уловени во интересна конверзација: Ќе бидеш горд…… (Видео)