Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ има отворен пат до полуфиналето, патот на Надал исполнет со „бомби“ (Фото)

Објавено

на

foto:twitter.com/AustralianOpen

Индијан Велс е првиот голем Мастерс турнир кој се игра во секоја нова натпреварувачка сезона, па не е чудо што тенисерите доста често го сфаќаат овој турнир како грен-слем натпреварување.

Добар дел од тенисерите ги штедеа силите за турнирот во калифорниската пустина по завршениот Аустралијан Опен, а супер вест е што дел од ждребот беше и Рафаел Надал кој вчера одигра ревијален меч со Алкарас во Лас Вегас.

Рано утрово беше извршено извлекувањето за главниот ждреб и најпознатите тенисери ги дознаа проектираните патишта до финалето, со тоа што мора да се признае дека Новак Ѓоковиќ имаше поволна ждрепка.

Како носител, Ноле е слободен во првата рунда, во втората ќе игра со квалификант или против Аленсадаррн Вукиќ, а во третата би требал да се сретне со својот редовен пациент, Томас Ечевери. Иго Имбер или Томи Пол се проектирани противници за светскиот рекет број еден во осминафиналето, по што следен би требало да биде Хуберт Хуркач.

Од ова, се чини дека Ноле има отворен пат до полуфиналето, а ждребот посака на негова страна да биде Данил Медведев кој би му бил најсериозна пречка за влез во финалето.

За разлика од оној на Ноле, патот на Надал е исполнет со „бомби“, па така во првото коло ќе игра против Милош Раониќ, ако го мине ќе вкрсти со Холгер Руне, во третото коло би го чекал Шаповалов или Музети, а во осминафиналето му е проектиран Фриц. Ако го мина и ова коло, Надал би играл четвртфинале против Медведев, па би можел да се бори и за полуфинале против Ѓоковиќ.

На другиот дел од ждребот, потенцијално полуфинале е она меѓу Јаник Синер и Карлос Алкарас, кои пак како проектирани ривали во четвртфиналето ги имаат Рубљов, односно Зверев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни