Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ има најголема заработка во тенискиот свет во 2023 година

Објавено

на

foto:twitter.com/5SportsNet

Големиот грен слем шампион, Новак Ѓоковиќ има заработено најголема сума на пари во светот на тенисот во оваа 2023 година.

Според информациите кои ги објави „Еуроспорт“, Ѓоковиќ во досегашниот тек на оваа календарска година има „грабнато“ 38,4 милиони долари. Тоа се пари од турнири и спонзори со што е далеку пред колегите, но и пред колешките.

Втората позиција е резервирана за големиот шпански талент, Карлос Алкарас чија што сметка е побогата за 31,4 милиони долари.

На третото место е најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек со 22.4 милиони долари, а во првата петка се уште Данил Медведев (20,1 милиони долари), но и Рафаел Надал (15,5 милиони долари) иако тој не е активен од Австралија Опен.

Во Топ 10 се Ема Радукану (15,3), Коко Гоф (15,2), Каспер Руд (14,4), Наоми Осака (12,1) и Џесика Пегула (10,9).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни