Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ им одговори на критичарите: Бродовите не тонат…(ФОТО)

Објавено

на

Најдобриот српски тенисер и светски рекет број еден, Новак Ѓоковиќ ги искористи социјалните мрежи и испрати порака до оние кои го критикуваа во изминатиов период.

Ѓоковиќ беше организатор на „Адрија Тур“, се одиграа турнири во Белград и Задар со тоа што овој вториот неславно заврши затоа што се појави позитивен тест на Григор Димитров по што финалето не се одигра.

Потоа уште неколку лица, учесници имаа позиитвен тест на КОВИД-19 меѓу кои беше и Ѓоковиќ по што голем број на негови колеги, познати имиња во светот на тенисот удрија по него.

Новак беше мирен неколку денови за да сега се појави во јавноста со цитат на српскиот патријарх Павле.

-Бродовите не тонат заради водата што ги опкружува, туку заради водата што влегува во нив. Немојте да дозволите тоа што ве опкружува да влезе и да ве повлече на дното, -напиша Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни