Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ и Зверев ја кренаа публиката на нозе со поен од 53 разменети удари (Видео)

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ и Александер Зверев одиграа атрактивно полуфинале на Ју-Ес Опен, а поискусниот и далеку потрофеен тенисер на крајот го доби мечот по пет одиграни сета.

Квалитетниот тенис донесе ново уживање за тениските фанови, а двајцата тенисери предизвикаа посебна еуфорија со еден поен во третиот сет.

Ѓоковиќ сервираше за сет, а отпорот на Зверев донесе поен со дури 53 разменети удари, по што на крајот германскиот тенисер успеа да го добие поенот и барем за момент да го одложи водството на противникот.

По мечот Зверев го коментирал тој поен.

– Затоа е најдобар тенисер, го игра најдобриот тенис кога е најмногу потребно. Играме поен со 53 размени на удари, а единствен начин да го добијам тој поен е со форхенд винер, на сет топка, тоа ги објаснува работите, – изјавил Зверев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни