Поврзете се со нас

Дејвис куп

Ѓоковиќ и компанија со лудо ветување за Дејвис Купот: Ако победиме…

Објавено

на

foto:twitter.com/WeAreTennis

Србија предводена од најдобриот светски рекет, Новак Ѓоковиќ ќе се обиде да дојде до пехарот во Дејвис Купот.

Нашите северни соседи за ривал во четвртфиналето на турнирот Ф8 во Малага ја имаат селекцијата на Велика Британија, а во пресрет на тој дуел Ѓоковиќ и компанија посочија што ќе направат ако на крајот дојдат до титулата, поточно ако се повтори успехот од 2010 година.

-Имаме неколку идеи, но се уште не сме се договориле. Одамна кажавме дека ќе скокаме од авион, имавме и некои други идеи, но еве момците велат дека дефинитивно изгледа ќе треба да скокаме од авион – изјави селекторот Виктор Троицки.

Ѓоковиќ потврди дека скокањето од авион е готова работа, спротивно мислење имаше Ласло Ѓере, но веднаш беше надгласен со пораката: „Жртвувајте се за тимот“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни