Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ и Кирјос се погрижија за оригинално интервју, Србинот не пропушти да го „пецне“ домашниот тенисер (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/BrisbaneTennis

Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјос решија да создадат едно сензационално партнерство во светскиот тенис, бидејќи денеска за првпат излегоа заедно на теренот на иста страна на еден официјален меч.

Новото партнерство започна на најдобар можен начин со остварена победа на стартот на турнирот во Бризбејн, па по триумфот во супертајбрејкот над Ерлер и Мајс, двајцата имаа за задача да одработат победничко интервју.

Мора да се напомене дека Новак и Ник воопшто не потфрлија и се погрижија за вистинско шоу, при кое Ноле не пропушти шанса и да го „пецне“ својот добар пријател.

– Пред неколку дена Кирјос рече дека претставува задоволство да се игра со него, и навистина е така. Големо беше задоволството за мене, мило ми е што сум на теренот со него за време на камбекот. Немав одиграно многу дубл мечеви во последните пет години, што и да кажеше Ник, јас само го следев и го слушав на теренот, – изјави Ѓоковиќ, по што се обрати Ник.

– Минав брутален период поради повредите, но сега сум подготвен за игра. Публиката бараше од мене да сервирам под рака, навистина не знам кој Кирјос сакате да го видите на теренот. Оној кој прави лудории, или оној кој се обидува да остане фокусиран и да донесе победи. Навистина се обидувам да останам професионалец, – изјави Кирјос, по што Ноле реши да се пошегува на негова сметка.

– Хајлајт на ова интервју е реченицата „Се обидувам да останам професионалец“. Навистина го сакам, – порача Ѓоковиќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни