АТП
Ѓоковиќ и Кирјос доставија кандидатура за поен на годината уште на 1. јануари (Видео)
Новата 2025-та година во Австралија стартуваше со ултра интересен и возбудлив меч во двојки од кој дел беа Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјос, новата дубл двојка која беше на прагот да направи големо изненадување во осминафиналето во Бризбејн.
Ноле и Ник играа против првите фаворити Никола Мектиќ и Мајкл Венус, па иако ги делеа само два поени од победа, на крајот мораа да се помират со пораз од далеку поискусниот пар во игра на двојки.
Првиот сет припадна на хрватско-новозеландската двојка со 6:2, Ѓоковиќ и Кирјос одговорија во вториот кој им припадна со 6:3, па така момент на одлука беше супертајбрејкот.
Во овој одлучувачки дел, Новак и Ник имаа предност од 8:6 и беа на два поени од победа, но потоа фаворитите освоија четири поени во низа и го заверија пласманот во четвртфиналето.
Без оглед на конечниот резултат, Ѓоковиќ и Кирјос оставија многу добар впечаток со тоа што првпат играат заедно на еден турнир, па денеска беа дел и од еден сезнационален поен кој може да биде и поен на годината.
Novak Djokovic and Nick Kyrgios played one of the craziest points you will ever see. 🤯pic.twitter.com/TwkupXcNhS
— Danny 🐊 (@DjokovicFan_) January 1, 2025
-
Англија20 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП14 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија12 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација15 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија13 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Македонија22 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Германија17 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија13 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…