Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ го збриша Руне и повторно ќе игра четвртфинале на Вимблдон

Објавено

на

Foto:x.com/Wimbledon

Новак Ѓоковиќ е последен четвртфиналист на Вимблдон, а за српскиот тениски велемајстор ова ќе биде 15-то учество во оваа фаза на најпрестижниот тениски грен слем.

Холгер Руне влезе во овој меч со две победи на пет меча со Ѓоковиќ, но на стартот ги загуби првите 12 поени и тоа беше јасен сигнал дека нема да мине воопшто добро.

Ноле кој пред еден месец направи операција на теренот полека не чувствува никакви последици од повредата, а совршеното издание кое го имаше во првиот сет го продолжи и во вториот и третиот.

Ѓоковиќ отвори со 6:3 и доволен му беше еден брејк во вториот за да слави со 6:4, додека најубедлив беше во третиот кој му припадна со 6:2.

Новак на овој начин ја продолжува потерата по осма титула на Вимблдон, а негов ривал во четвртфиналето ќе биде Австралиецот Алекс Де Минор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни