Поврзете се со нас

Олимписки игри

Ѓоковиќ го уништи во првото коло, но денеска освои злато во игра на двојки

Објавено

на

foto:x.com/TennisAustralia

Комбинацијата од Австралија, Метју Ебден и Џон Пирс се победници на турнирот во игра на двојки на Олимписките Игри во Париз.

Ебден и Пирс успеаа да ја добијат пресметката со Американците, Раџив Рам и Остин Крајичек со 2-1 во сетови и со тоа да го освојат златото на овој голем настан. Ова е прво олимписко тениско злато за Австралијците по игрите во Атланта во 1996 година, а до истото дојдоа со пресврт 6-7 7-6 10-8.

За Метју и Џон ова е прв златен медал со тоа што овој вториот има и брозна во микс од претходните ОИ.

Инаку само за посетување Ебден е тенисерот кој беше понижен од Новак Ѓоковиќ во првото коло во сингл, натпревар во кој освои само еден гејм (6-0, 6-1), меѓутоа тој веќе некое време не игра во сингл, специјалист е за двојки и потврда е овој резултат.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни