Поврзете се со нас

Европски првенства

Ѓоковиќ го украде шоуто во Минхен, Србите добија специјална поддршка од тениската ѕвезда (Видео)

Објавено

на

Фото:twitter.com/AustralianOpen

Српската фудбалска репрезентација се бори за место во нокаут фазата во дуелот со Данска на ЕП во Германија, а специјална поддршка за избраниците на Драган Стојковиќ е Новак Ѓоковиќ.

Големата тениска ѕвезда пристигна во Германија специјално за да го следи дуелот во Минхен, а пред да го заземе своето место во ВИП ложата, реши да се симне на теренот и да им испрати порака за поддршка на своите сонародници.

Ѓоковиќ имаше кратка средба и со селекторот Стојковиќ кој сигурно ја цени поддршката од славниот сонародник, а присуството на српскиот тенисер ги воодушеви и големиот број фанови на националниот тим на нашиот северен сосед.

Србија влезе во дуелот со Данска со само еден освоен бод на досегашните две средби.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни