Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ го спасуваше првиот сет, па избори четвртфинале во Аделејд

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ потешко од очекувањата избори место во четвртфиналето на АТП турнирот во Аделејд, победувајќи го Квентин Алис со 2:0 во сетови.

Сепак, иако не загуби сет, српскиот тенисер мораше добро да се потруди да го победи Французинот, кој во првиот сет водеше со 5:2. Ѓоковиќ успеа да го врати брејкот, избори тај-брејк, а во него беше убедлив со 7:3.

Вториот сет исто така донесе тај-брејк откако тенисерите успешно ги освојуваа своите сервис-гејмови, а искуството и квалитетот на Ѓоковиќ пресудија за уште еден успешен тај-брејк и победа со 2:0.

Следен противник на српскиот тенисер ќе му биде Денис Шаповалов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни