Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ го спакува Зверев за полуфинале во Мелбурн

Објавено

на

blank

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ дојде до билет за полуфиналето на првиот грен слем во оваа календарска година Австралија Опен.

Ѓоковиќ во денешното четвртфинале по голема борба, неизвесност славеше со 3-1 во сетови против Александар Зверев. Германецот добро го отвори мечот и по еден час игра дојде до предност од 1-0 во сетови и тоа откако тај-брејкот го реши со 8-6.

Српскиот ас беше фуриозен во наредниот и со 6-2 дојде до 1-1 за да во наредните два сета Зверев тргне фантастично, поведе со 3-0 во гејмови, меѓутоа потоа Ѓоковиќ одговараше во негов стил и со 6-4 и 7-6 (6) се избори за деветто полуфинале во Мелбурн.

Во истото ќе се соочи со големото изненадување Аслан Карацев кој со 3-1 славеше над Григор Димитров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни