Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ го советува Синер: Негова следна цел треба да биде…

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Новак Ѓоковиќ деновиве е актуелен поради потврдената соработка со поранешниот ривал Енди Мари, но и поради интервјуата кои ги реализирал со неколку медиуми.

Италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ исто така добил шанса да разговара со српскиот тенисер, а од Ѓоковиќ било побарано да го советува Јаник Синер како да остане на актуелното ниво.

Синер е миленик на италијанската јавност и зад себе остава најдобра сезона во кариерата, но јасно е дека уште поголем предизвик за него ќе биде да ја задржи актуелната форма.

– Мислам дека му оди добро и без мои совети.

– Сепак, едно е да ги освоиш првите два грен-слема и да станеш светски рекет број еден, а друго е да останеш на тоа ниво долги години.

– За да успеете во тоа, прво треба да се опкружите со компетентен тим на кој можете да се потпрете на долг рок. Исто така, треба да го најдете вистинскиот баланс помеѓу работата и личниот живот. Но, на крајот на денот, секој е различен во индивидуалните спортови.

– Значи, она што функционира кај мене, можеби нема да функционира за него. Сепак, ми се чини дека Јаник разбира што му е потребно. Следна цел треба да му биде да најде вистинска формула за најдобро да инвестира во своето тело за да се спречи повреди, да остане здрав, мотивиран и, пред сè, страстен за тенисот, – рекол Ѓоковиќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни