Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ го реши Махач по брза постапка

Објавено

на

Фото: https://x.com/AustralianOpen

Новак Ѓоковиќ без никакви проблеми обезбеди уште една победа на Аустралијан Опен и се пласираше во осминафиналето на првиот грен-слем турнир во 2025 година.

Српскиот тенисер денеска за противник го имаше Томаш Махач, но чешкиот ривал не можеше да му создаде поголеми проблеми и го завршува настапот во Мелбурн.

Новак беше фуриозен во вториот дел од првиот сет и со два брејка стигна до 6:1, додека во вториот и третиот сет имаше два, односно брејк за да го комплетира мечот со 6:4 и 6:4 и конечни 3:0 во сетови.

Ѓоковиќ веќе го знае и следниот противник и тоа повторно ќе биде чешки тенисер, во случајов Јири Лехечка.

Лехечка денеска исто така без загубен сет обезбеди осминафинале, победувајќи го Французинот Бонзи во пократок меч од тој на следниот ривал.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни