Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ го разби Димитров пред Меси и ќе игра за 100. АТП титула во кариерата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/DjokerNole

Новак Ѓоковиќ е првиот патник во финалето на АТП Мастерсот што се игра во Мајами и тоа откако вечерва без проблеми го надигра неговиот редовен „пациент“ Григор Димитров.

Поранешниот светски рекет број еден славеше со 2-0 во сетови со  6-2 и 6-3 и сега води со 13-1 во пресметките со Димитров. Мечот траеше нешто повеќе од еден час, период во кој Григор имаше добар почеток и веднаш направи брејк, но Новак веднаш возврати и потоа имаше асполутна контрола на играта и резултатот.

Со ова Новак стана најстариот играч со пласман во финалето на Мастерс и воедно ќе има можност да дојде до 100. јубелејна титула.

Инаку овој меч од трибините го следеше Лионел Меси со неговата сопруга Антонела Рокуцо.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни