Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ го прекина интервјуто за да ги испрати своите деца на спиење, малата Тара стана вирален хит (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/AustralianOpen

Новак Ѓоковиќ направи нов голем успех во кариерата и по 12-ти пат се пласираше во полуфинале на Аустралијан Опен, турнир на кој годинава ја брка својата рекордна 11-та титула.

Ноле денеска влезе како аустајдер во дуелот со Карлос Алкарас според светските букмејкери, но Србинот покажа дека најчесто знае да биде непобедлив на „Род Лејвер“ арената, дури и во ситуации кога има физички проблеми.

Ѓоковиќ успеа да ги надмине здравствените потешкотии на крајот на првиот сет и се врати со неверојатна игра во наредните три сета, па по победата од 3:1, имаше време и за родителски задачи.

Додека даваше коментари за епскиот меч со младиот Шпанец и додека делеше комплименти за ривалот, Ноле забележа дека неговите деца се уште се на трибините, па со својот коментар успеа да ги изнасмее сите присутни.

– Изненаден сум што моите деца се се уште тука. Ве сакам, ви благодарам што сте тука, но веќе е 1 часот по полноќ… Кога ќе одите да спиете вечерва, – изјави Ѓоковиќ, по што неговата ќерка Тара го украде шоуто со реакцијата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни