Ѓоковиќ го подигна трофејот на Вимблдон, реакцијата на неговиот син стана вистински хит (Видео)

novak-trofej-wim

Новак Ѓоковиќ го доби вчерашното епско полуфинале со Рафаел Надал, а тоа секако беше најдобра најава за она што го доработи денеска, односно осовјување на титулата на Вимблдон, вкупно четвта за него во кариерата.

Србинот забележа значителен напредок во формата на тревна подлога и играше финале во Квинс каде загуби од Марин Чилиќ, но денеска не му даде никаква шанса на Кевин Андерсон и совладувајќи го со 3:0 во сетови стигна до својата прва грен-слем титула по пауза од две години.

Овој трофеј дефинитивно има посебно значење за Новак поради сето она што го мина во изминатиот период, започнувајќи од значителниот пад во формата, па се до повредата и операцијата на лактот. Токму тоа го потврди и Србинот при финалната церемонија на Вимблдон, а во центарот на вниманието се најде и неговиот мал син Стефан кој со урнебесна реакција го проследи говорот на својот татко.

– Чувството е неверојатни и посебни бидејќи за првпат во животот некој од ложата вика тато, тато. Тоа е она мало момче таму. Те сакам сине најмногу, – му се обрати Новак на својот син на српски и додаде.

– Правилата на Вимблдон се такви што деца под пет години не смеат да бидат на трибините и поради тоа не го гледаше мечот во живо. Пресреќен сум што сега може да биде тука со мене и да сведочи на ова, – додаде Србинот за кого ова беше 13-та грен слем титула во кариерата.

Facebook Коментари