Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ го победи Крајиновиќ, но и му се поклони за неверојатниот поен кој го изрежира (Видео)

Објавено

на

Првото коло на турнирот во Виена ни донесе возбудлива српска пресметка, во која на крајот се радуваше светскиот рекет број еден.

Новак Ѓоковиќ беше апсолутен фаворит уште пред излегувањето на теренот, но сепак мораше добро да се испоти и да се помачи за да го совлада својот сонародник и добар пријател, Филип Крајиновиќ.

Ноле на крајот победи со 2:0 во сетови, но Крајиновиќ и тоа како има за што да жали во првиот сет, во кој водеше со 5:3, а имаше и сет топка во тајбрејкот кој на крајот го загуби со 8:6.

Во вториот сет, најдобриот тенисер славеше со 6:3, но најдобриот потег го изрежира Крајиновиќ и за тоа доби голема пофалба од сонародникот, кој всушност и му се поклони пред мрежата.

Ѓоковиќ во втората рунда на турнирот во Виена ќе игра против Хрватот Борна Чориќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни