Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ го откри клучниот момент за поразот: Ако ја искористев таа шанса…

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ беше среќен поради поддршката од публиката во Њујорк, но по загубеното финале од Медведев, не го криеше разочарувањето што не стигна до календарски грен-слем и рекордна 21. грен-слем титула.

Српскиот тенисер признал дека едноставно не бил на потребното ниво, за разлика од противникот, а го открил и клучниот момент на мечот.

– Мислам дека клучниот момент беше на почетокот на вториот сет.

– Имав брејк топки, дури и на негов втор сервис, недостасуваше еден вистински удар, бев многу блиску. Којзнае како ќе завршеше мечот ако искористев една од тие шанси. Но, тој беше навистина одличен, беше подобар и заслужено победи, – рекол Ѓоковиќ пред новинарите.

– Од друга страна јас не бев на потребното ниво, нозете не ме слушаа, дадов се од себе, но правев и грешки и играв речиси без сервис. Едноставно не беше судено да победам, – коментирал светскиот рекет број еден.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни