Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ го објасни својот победнички менталитет: Веќе ни самиот не сум свесен за оваа фаза од кариерата

Објавено

на

Foto:twitter.com/RolexPMasters

Новак Ѓоковиќ стигна до јубилејна 40-та Мастерс титула во својата кариера, откако по три напори меча во низа, имаше доста лесна задача во големото финале на турнирот во Париз.

Григор Димитров повторно потклекна пред предизвикот Ноле и воопшто не успеа да му парира на светскиот рекет број еден, па така Србинот лесно и убедливо го совлада со 6:4 и 6:3 во најлесниот меч на турнирот.

Претходните три дена, Новак жестоко се мачеше со ривалите и со стомачниот вирус кој го влечеше цела недела, но откако успеа да преживее три меча кои траеја по три часа, Србинот беше расположен за давање изјави по седмата Мастерс титула во Париз.

– Ова беше многу предизвикувачка недела за мене, особено надвор од теренот. Се мачев со стомачен вирус, ми одзема многу енергија, но некако успевав да пронајдам дополнителна енергија кога беше најпотребно. Од петок до денес во неколку наврати бев блиску до губење меч, па кога ќе се собере се, овој турнир е големо остварување во мојата кариера.

– На секој турнир се обидувам да го извлечам најдоброто од себе, бројките веќе се тесно поврзани со моите успеси, но истовремено се насочувам кон секој следен предизвик. Се додека сум активен тенисер, мојот ментален пристап ќе биде ист, ќе одам на победа на секој следен турнир. Секој успех е посебен, но после победата, веќе мислам на следниот предизвик. Тој метод функционира кај мене и мислам дека тој метод е правилен за успех. Грен слемовите и Мастерсите се најважните турнири во нашиот спорт и затоа овие седум дена имаат посебна тежина за мене. Особено има важност во оваа фаза од кариерата, иако веќе ни самиот не сум свесен за која фаза од мојата кариера станува збор, – шеговито порача Ноле со оглед на тоа што ги меле противниците и во 37-та година од својот живот.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни