Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ го надмина Надал и ќе се бори за финале во Монте Карло (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/DjokerNole

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ успешно ја мина четвртфиналната пречка на Мастерсот во Монте Карло и тоа во името на Алекс Де Минор од Австралија.

Ѓоковиќ славеше со 2-0 во сетови, меѓутоа две сета кои понудија голема борба, надмудрување во кое фаворитот дојде до резултатот што го посакуваше со 7:5, 6:4.

Ова за Србинот е осмо полуфинале во Монте Карло, но прво од 2015 година кога и на крајот ја освои титулата. Со денешниот триумф тој дојде до 77 полуфинале кога се во прашање АТП турнирите од серијата 1000 со што го надмина Рафаел Надал, поточно стана рекордер и во оваа категорија.

Негов нареден ривал ќе биде подобриот од битката Руд-Умбер.

На другата страна веќе ја имаме формирано двојката-тоа е Циципас-Синер, играчи кои денеска славеа над Хачанов, односно Руне.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни